ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе провејува нов снег со темпратура помеѓу -6°С и -2°С, а на повисоките места во запаниот регион околу -8°С.

Врнежите од снег ќе почнат околу пладне од запад. Вторник ќе биде претежно облачен ден. Претпладне се очекуваат релативно слаби снежни врнежи во јужниот дел од земјата. Само во гевгелиско – дојранскиот регион врнежите ќе бидат од дожд и дожд мешан со снег. Попладне облачноста постепено ќе се намалува.

Ќе дува умерен северен ветер. Наутро ќе биде студено, со со минимална температура „повисока“ во однос на понеделник. Вредноста на минималната воглавно ви била помеѓу -4°С и 0°С.

Дневната температура ќе има вредност помеѓу 0°С и 3°С, а на југоисток околу 5°С. Суво време се очекува во среда и четврток, со повремени подолги сончеви периоди. Овие два дена ќе имаат студени утра, со тоа што утрото во четврток ќе биде постудено. 

Во среда минималната температура низ котлините ќе биде помеѓу -5°С и 0°С, а на повисоките места околу -7°С. Во четврток утрото за околу 2°С до 3°С постудено. Дневниот максимум овие два дена би бил помеѓу 3°С и 5°С, односно околу 7°С на југоисток.

Преодно наоблачување очекуваме во последниот ден од работната недела. Од оваа облачност има изгледи за слаби и повремени локални врнежи, пред се во северниот регион.

Температурата ќе биде во пораст, пред сѐ во поглед на минималната температура, која би била значајно повисока во однос на четвтрток.