МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 30 до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 33 степени.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. И утре во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде в сабота, со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава.
В недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.