ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Африканскиот бран кој полека ќе започне да ја зафаќа нашата територија уште од утре ќе се задржи подолг временски период, истиот има услови за се задржи и повеќе од 5 до 7 дена – јавува Славчо Поповски.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на голем пораст, како минималните така и максималните дневни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени.

Мало и краткотрајно освежување на времето се очекува околу 5.август кога ќе дува и северен ветер за потоа да продолжи изразениот Африкански бран.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, само повремено ќе има услови за краткотрајна и локална нестабилност.