МАКЕДОНИЈА – Во Mакедонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд кои што прво ќе ги зафатат северните, североисточните и северозападните предели а подоцна и во останатите предели од Македонија. Треба да се напомене дека се очекуваат слаби врнежи од дожд. Во доцните попладневните часови врнежите ќе престануваат и постепено намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 12 до 23 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 29 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 20 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 26 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд можно е да има во крајните јужни и југоисточни предели, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни од 22 до 32 степени. Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе се движат од 23 до 33 степени, односно од 25 до 35 степени. Невообичаено свежо утро ќе имаме и во сабота со утрински температури д 6 до 15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со температури од 26 до 36 степени.