ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а дневната температура ќе се движи од 0 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси. Утринската температура ќе достигне до 2 степени, а дневната температура до 8 степени.

Во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.