ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времете ќе биде умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието каде попладне повремено ќе засилува. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 32 степена. УВ=7

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Умерено облачно и топло, попладне и во Скопската Котлина со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.