ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и југозападните делови на земјата. Во останатите подрачја врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 17 до 24 степени.

Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер и со повремен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 19 степени.

Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток.