МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи.
Температурата ќе се движи од 8 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а дневните температури ќе бидат во благ пораст.