МАКЕДОНИЈА – Облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува.
Температурата ќе се движи од -5 до 4 степени.
На Попова Шапка утрово во 7 часот има највисока снежна покривка од 44 сантиметри. Со пет степени под нула, најстудено е во Берово и Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Маврови Анови има 21 см наврнат снег, девет во Крушево, шест во Ѓуриште, пет сантиметри во Крива Паланка и Пожаране, четири во Тетово, три сантиметри снег се измерени во Скопје – Петровец, два см на мерната станица Скопје – Зајчев Рид и еден сантиметар снежна покривка има во Виница и Куманово.