Врховен суд одлучи: Чавков, Мукоски и Василевски во куќен притвор

Сподели

Врховниот суд на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски им го замени затворскиот притвор со куќен притвор.

Врховниот суд , затворскиот притвор го замени со куќен и за Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, за Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и за Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.

За осомничените пратеници Љупчо Димовски , Јохан Тарчуловски, за  Елена Божиновска и за Игор Дурловски, Врховниот суд им ја укинал мерката  куќен притвор и им  определил мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.