Врховниот суд ја потврди затворската казна на Сеад Кочан од 4 години и 8 месеци

Сподели

 

Врховен суд ја потврди одлуката на Апелацискиот суд со која бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на 4 години и 8 месеци затвор за случајот „Труст“.

Барањето за вонредно преиспитување на пресудата е неосновано со што се потврдува одлуката за казна затвор изречена од Апелациниот суд,  – се наведува во соопштението на Врховнот суд.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.

Кочан мината година на 31 август беше спроведен на издржување на затворската казна во затворот Идризово. Тој е прогласен за виновен за учество на тендер со лажна документација пред државната компанија ЕЛЕМ, во вредност од 17 милиони евра за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.