На 15 декември, во галеријата МЦ (Gallery MC, 549 W 52 Str.) во Њујорк беше отворена самостојната изложба на слики на Мице Јанкуловски „Најцрната црна“.
Куратор на изложбата: Корнелија Конеска
Куратор и текст за изложбите: Емил Алексиев
Куратор и текст за изложбите: Емил Алексиев
Организација: Горазд Попоски
Поддржано од Министерството за култура на РСМ
Поддржано од Министерството за култура на РСМ
На изложбата се претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја – карбонот, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со извонренда поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно.
Оваа е втората од двете изложби на уметникот во декмври 2022 во Њујорк. Првата изложба се отвори во Галеријата Артифакт (Artifact Art Gallery, 84 Orchar Str., NYC) на 7 декември 2022.
Корнелија Конеска, куратор
Во уметнички живот на Јанкуловски, постојаното движење од една во друга боја и од една во друга форма доведе до голема пресвртница во неговата уметничка продукција – да се ослободи од боите (тој слика со специјално произведен црн пигмент, а неодамна со карбон – најцрната воопшто позната боја откриена со новите нано-технологии), но и од четките. Така, во процесот на создавање користи разни алатки, гребла, чешли, прсти,… со кои интервенира врз дебелите слоеви на црната боја на платната… и тоа резултира со фантастични, многу специфични структури каде што светлината е составен дел од сликата. Тоа стана негов уметнички белег.
Новите дела започнуваат во неговиот ум, поточно во неговата имагинација. Тоа е најдоброто место за создавање затоа што е неограничено… барем ако уметникот не си поставува граници, а Јанкуловски не го прави тоа! Тој истражува со страстен фокус, навлегувајќи длабоко во својата тема на интерес без ограничувања. Исходот од тоа патување е секогаш различен и сличен во исто време. Различните резултати доаѓаат од слободата во процесот на откривање нови светови во црно, а слични резултати доаѓаат од неговиот начин на размислување од кој не може да се ослободи ни во својата имагинација. Тие сличности се всушност специфичните карактеристики на неговото уметничко дело кои се видливи за професионалното око и кои го дефинираат неговиот уметнички стил:
Монохромност – затоа што користи само една боја (црната);
Модуларност – затоа што секогаш слика на однапред осмислени формати кои меѓусебно се поврзуваат, како модули;
Мултипликација – затоа што ги мултиплицира потезите, формите,… а дополнително, платната ги мултиплицира правејќи полиптиси, така создавајќи нови дела;
Минимализам – затоа што делата, концептот и контекстот на неговото уметничко дело се постигнати со минимални елементи – што всушност е најтешкото нешто да се направи, но… на крајот на краиштата, зборуваме за уметник со повеќе од 50 години уметничко творештво!Емил Алексиев, историчар на уметност и писател
Извадок од текстот „Црно сликарство“ за уметничкото дело на Јанкуловски

Пред црните слики на Мице Јанкуловски стоиме пред бескрајното црно море. Тоа е морето што го опкружува светот. Последното море на крајот на светот. Крај на познатото и видливото. Почеток на непознатото и невидливото. Застрашувачко место каде длабоките темни води на несвесното бледнеат во темнината на непостоењето. Црно и црно. Простор во кој престануваат да важат законите на светот и каде владее не-вид. Тоа е темнината зад границата на видливото, надвор од хоризонтот на настаните. Крајот на вселената и нејзиниот почеток. Тука сè завршува и сè започнува …
Мице Јанкуловски како уметник во своето творештво е посветен на истражувањето во сликарството и цртежот, додека со децении е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини како сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…
Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни презентации на значајни меѓународни изложби и манифестации.
Јанкуловски е овогодишен добитник на највисоката државна награда за животно остварување „11 Октомври“ за уметност и е еден од најуспешните македонски уметници со меѓународна кариера. Покрај највисоката државна награда, Јанкуловски е добитник на бројни меѓународни награди, вклучително: Наградата „Најдобар уметник“ на Ларнака биенале 2021; Наградата РЕМБРАНТ – за извонредност во уметност за 2020 (од Светската асоцијација за визуелни уметности); Наградата „Ел ГРЕКО“ на Арт Тесалоники 2019; Наградата „Лоренцо Ил Мањифико“ за животно остварување на Фиренца Биенле 2019; Наградата „Уметник на светот“ на Ларнака Биенале 2018; Гран при на Меѓународното биенале за графика Варна во 2017 …