Вучиќ: додека сум жив нема да го признам Косово

Сподели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се додека е претседател нема да го признае Косово, особено не во вакви граници, макар бил соборен од функцијата на улица.

Тој за Радио телевизија Србија рече дека идејата за разграничување била отфрлена, како и идејата за каков бил компромис и воспоставување праведни граници меѓу Србите и Албанците.

-„Немам поим за што ќе разговараме“, изјави тој за состанокот меѓу двете страни во Париз во почетокот на јули.