„Вујко Вања“ – прва премиера на Народниот театар Битола во оваа година

Сподели

 

На сцената на Народниот театар Битола, на 26 јануари, во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Вујко Вања“ од А. П. Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во претставата играат Петар Горко, Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска-Драгановска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски. Драматург е Билјана Крајчевска, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Андреј Ѓорѓиевски-Папаз, композитор е Александар Талевски, а кореограф Кире Миладиноски.

Првата реприза на претставата е на 27 јануари, сабота, во 20:00 часот.