Мицотакис: Договорот од Преспа претставува голема национална отстапка

Сподели

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата, го повтори неговиот став дека давањето глас за доверба значи „да“ за Договорот од Преспа. Тој на грчкиот премиер Алексис Ципрас му одговори дека договорот претставува голема национална отстапка.

Мицотакис упати обвинувања и до неодамнешниот коалициски партнер во Владата, Панос Каменос, за кој рече дека заедно со Ципрас се соработници и ќе треба да се оправдаат пред грчкиот народ, но и пред историјата. Воедно му порача на Ципрас дека ако добие 150 или помалку гласови, тогаш Владата ќе биде без мнозинство и ќе треба земјата да ја одведе на избори.