За победа во првиот круг на изборите неопходни се 904.066 гласа

Сподели

На претседателските избори, чиј прв круг треба да се одржи в недела, ќе може да гласаат 1.808.131 избирач.  Според член 81 од Уставот, победа во првиот круг за некој од тројцата кандидати – Блерим Река, Гордана Сиљановска – Давкова и Стево Пендаровски – може да им донесе мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот.

Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, што е речиси неверојатно да се случи, како што покажуваат анкетите, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Според член 121, став 3 од Изборниот законик, во вториот круг победува кандидатот што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка, вели член 122 од Изборниот законик.