За влез во Косово задолжителен негативен ПЦР тест за граѓаните од Македонија, Црна Гора и БиХ

Сподели

 

Владата на Косово донесе одлука за задолжителен негативен тест за коронавирус за граѓаните кои доаѓаат од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Граѓаните мора да поседуваат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Овие земји се исклучени од оваа одлука доколку влезат во земјата преку аеродромот „Адем Јаштри“. Тие нема да мораат да приложат негативен ПЦР тест, но ќе потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од 3 часа. Одлуката не важи ни за граѓаните кои го користат аеродромот „Адем Јаштри“ за патување во други земји.

Транспортот организиран со автобуси или меѓународни транзитни линии од овие земји, не треба да презентира сертификат за тест, но мораат да потпишат изјава дека се должни да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Странските дипломати и нивните семејства се ослободени од презентирање на тестот, а ослободени се и граѓаните на трите држави кои имаат косовско државјанство и доколку живеат во Косово.