Адреналинскиот забавен парк „Мега“ е главна атракција за децата, но и за возрасните.
Забавниот парк е отворен од понеделник до недела и секојдневно привлекува посетители од целиот град, а за викенди и од целата држава.
Поради големата посетеност и позитивните реакции, паркот „Мега“ во Скопје ќе остане до крајот на јуни. Влезот е бесплатен, а користењето на реквизитите и адреналинските возења чинат од 50 до 200 денари.
Паркот со адреналински атракции се наоѓа на „Илинденска“, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Најатрактивни возења за посетителите се „Enterprise”, „Star Tower”, „Vortex”, „Kamikaze”, „Pop Stars” и „BreakDance”- сите со високо ниво на адреналин. Сите реквизити се лиценцирани, со што се гарантира нивната безбедност.