Во периодот од 15 до 17 ноември 2022 година во Србија – Белград, во организација на Црвен крст Србија, се одржа партнерски состанок во рамките на проектот: Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа.
На состанокот присуствуваа претставници на Националните друштва на Црвен крст и претставници на Цивилните заштити од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и претставник од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На работниот состанок се претстави работната верзија Х-СТОК платформата, како и предлози на дополнување/измени на содржина на табови (видови на стокови резерви, тимови за помош, материјално технички средства), кои во случај на катастрофа би се понудувале на државите кои би биле погодени од катастрофа. Се презентираа и стандардни оперативни процедури за регионално управување со акции во случај на катастрофа, со кои би се олеснила соработката и комуникацијата помеѓу Националните друштва во услови на итна состојба, кои се споделија на претставниците на цивилните заштити.