„Заедно како едно“ прва ликовна колонија во КИЦ Истанбул

Сподели

„Заедно како едно“, е насловена првата ликовна колонија која од 26 до 30 мај се одржува во Културно-информативниот центар на Република Северна Макеоднија во Истанбул.

На колонијата учествуваат девет ликовни уметници од земјава: Јана Манева –Чупоска, Јелдез Асани, Љуљзиме Лека, Ана Трајковска, Дренуша Палоши, Енеса Мемети, Катерина Таневска , Акиме Насуфи-Реџепи и Ебру Селман.

Делата создадени за времетраењето на колонијата „Заедно како едно“ ќе бидат изложени во КИЦ -Истанбул на 30-ти мај за кога е и најавено отворањето на оваа мошне разнолика и интересна изложба.