Заев-Ахмети: На 100 дена од мандот имаме стабилна Влада

Сподели

 

“После 100 дена од мандатот на Владата правиме пресек на сработеното и остварените резултати на централната власт и на парламентарното мнозинство” – иајави премиерот Заев, по денешната средба со Али Ахмети.
 
“Имаме Влада на граѓаните, стабилна, бидејќи се потпира на здрави вредности, на грижа за другиот, на разбирање и поддршка во тешки моменти. Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата.
 
Во очи на денешниот состанок на широката владина коалиција, ми беше чест да му посакам добредојде во Владата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и да му искажам голема благодарност во мое лично име и во име на македонскиот народ за поддршката која ја дава во процесот на преговори меѓу Северна Македонија и Бугарија”- додаде премиерот Заев.