Заев: Да не додаваме шлагче, црешка и да правиме торта

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев прашан денеска, дали ќе поддржат градоначалник на Скопје од редовите на ДУИ, истакна дека тоа ќе го соопшти коалициониот партнер во сабота.

“Јас ќе ви кажам тоа што го знам, а секако сум информиран од мојот прв потпретседател во Владата. ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава е затоа што е во целосна корелација со работењето на Владата, убава е затоа што е модерна, соодветна на 21 век, и мене ме бендисува тоа што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Ќе оставам тоа да го соопшти ДУИ, тоа е нивна агенда, споделена со нас нормално и во неа се препознаени голем број од државните политики. Верувам сето тоа е во духот на унапредувањето на севкупниот политички амбиент во државата”, рече Заев.

„Нема да навлегувам во деталите. Но, да не шпекулираме порано, ќе се пушти теза точна-неточна, па на неа после си додаваме шлагче, црешка или слично и правиме торта. Нема потреба. Еве сабота е преку еден ден. Ќе видите дека е нешто добро за државата, новина и освежување, но ќе оставам ДУИ да соопшти“, рече Заев.