Денеска премиерот Заев преку медиумите на Ел Чека му порача дека еден ден ќе одговара пред институциите на правдата и оти згрозен бил од содржината на разговорите оти во нив имало и приватни муабети.
„Еве јавно го повикувам, нека објави и за мене. Јас сум транспарентен човек. Не знам зошто не објавувал за други, само за Али Ахмети. Но, треба да знае дека се одговара за тоа. Светот е глобално село и ќе одговара кога тогаш. Ако има, нека објавува сега“, изјави Заев на денешната прес-конференција во Владата за разрешувањата на високи функционери.
Премиерот додаде дека веќе разговарале со странските партнери од САД од каде Шеќерим Ахмеди наводно ги објавува „бомбите“.
После неговото обраќање Ел Чека му порача:
„Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување. Доста велиш дека прислушувањето го правела претходната Влада, не се продавај за жртва, но држи го задникот уште малку во таа фотеља, ќе ти фали“ – напиша Ел Чека на Фејсбук.
Денеска преку социјалните мрежи Ел Чека му се закани на Ахмети и му порача: „Власта ја задржа леејќи албанска крв, но истата таа крв и ќе те убие“.
Во судот во Кичево се води процес против Ел Чека за неовластено прислушкување и тонско снимање, но тој живее во Чикаго и е недостапен за судот.
https://youtu.be/-aNzFQ3WhAc