Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност.
Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот – напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот Самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.