Заев ќе слави, Мицкоски ќе протестира – Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО, имаме неспособна влада!

Сподели

„Кога доаѓаа на власт беа најгласни дека додека немало правда, немало мир, не се колебаа да ги злоупотребат семејните и другите лични трагедии. И не им беше тешко да уриваат, да уништуваат. Да деградираат цел еден систем. Отровот кој се посеа во општеството предизвика омраза, завист и нетрпеливост. Ветуваа чуда, а сега кога се на власт молчат за неправдите, ладнокрвните убиства ги третираат како статистичка евиденција во црните билтени, за владата тоа се обични насилства, а не свирепи убиства“. Ова денеска го изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека „Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО, а нема затоа што имаме неспособна влада“.

„Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори со сите свои сили против ова зло кое што го живее секој еден граѓанин. Затоа и ќе продолжиме да протестираме и ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш“ – рече меѓудругото Мицкоски.