“Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право, тоа е европска вредност. Јас очекувам навистина европските вредности да бидат прифатени од сите, како што исто така подадов рака и прифатив дека споедлуваме заедничка историја. Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика на какви причини некој темели свои изјави или слично. Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред сѐ бугарскиот народ е пријателски народ на нашиот народ.”
Изјави, Зоран Заев по нападите на Красимир Каракачанов