Премиерот Зоран Заев очекува дека законот за СЈО ќе биде донесен со консензус.
Премиерот Заев изјави дека законот влегува во парламентарна расправа со тоа што прво ќе се разговара со најголемата опозициска партија па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците.
– Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус. Секако има секаков вид на очекувања, но редот е сите заедно да му дадеме поддршка.