Денеска во Собранието се закажани пратенички прашања, а премиерот Зоран Заев ќе има средби со лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Билал Касами од БЕСА.
Средбата доаѓа во период кога власта е во потрага по 80 пратенички гласа за да се донесе новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО.