Заев: Немам намера да влијаам врз работата медиумите и новинарите

Сподели

 

Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил напиша дека ги прифаќа забелешките на новинарите за неговиот начин на комуникација по собраниската конститутивна седница.

 

 

“Добив реакции од различни страни од новинарската фела за изборот на зборови и начинот на комуникација со дел од новинарите во Собранието, после конститутивната седница. Ги прифаќам забелешките на ЗНМ и фелата и во размена на мислења со нив веќе укажав дека сите треба да се потрудиме за подобра комуникација во иднина и дека немам никаква намера да влијаам врз работата медиумите и новинарите.

Секој пред јавноста е одговорен за своите постапки, а сите имаме обврска секојдневно и здружено да работиме на оневозможување на ширењето на лажните вести, на запирање на клеветите, навредите и нападите врз која било индивидуа, вклучително и врз медиумските работници”, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фб профил.