Премиерот Зоран Заев во изјава за ТВ21 вели дека треба прво Парламентот мора да го утврди бројот на неговите потпретседатели и да се изберат, па потоа предлогот за составот на новата влада ќе биде доставен. Исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите.
„Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот“, рече Заев