Одговори на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ
Каков е рејтингот на партијата со оглед дека сте правеле некакви анкети внатрешни во партијата, во однос на кажувањата на опозицијата дека барате час поскоро избори бидејќи паѓа вашиот рејтинг?
СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ води. Водиме со 3% поени, тоа го објавивме јавно и транспарентно преку кредибилни агенции кои што го направија тоа, секако крајот на октомври почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета, за да измериме како после одлуката како стоиме, но сите овие политички партии позади нас носат гласови, имаат свој кредибилитет, имаат своја програма имаат свој дел за кои што се залагаат за своите гласачи, кој што ме става мене како претседател на најголемата политичка партија во оваа коалиција во фаворитска состојба заедно со партнерите, на крајот граѓаните одлучуваат на изборите.
Јас знам дека наредниот период до крајот на октомври ќе можевме да ги реализираме сите мерки коишто ни беа предвидени во програмата, ќе се потрудиме најголем дел од тие да ги реализираме до април месец заради тоа што веќе се објавени мерките и за раст на платите, пензиите и за лекарите и за капиталните инвестиции што се реализираат во државата, еколошките проекти се отворени, квотите се укинати, донесен е законот за основното образование, до крајот на годината за средно образование, верувам дека можеме до тогаш да отпочнеме и со Клиничкиот центар изградбата да се движи, да почне нешто во постапката, се градат големи енергетски проекти, плановите може да ги исполниме во најголем дел, иако знаете дека ни беа ускратени 6 месеци од мандатот. Јас сум претседател на владата 2 години 4 месеци и 20 дена, и успесите се големи, ако правите паралела со 11-те години на ВМРО ДПМНЕ, со она што денес е постигнато, слушнете ги само европските лидери што зборуваат, прашајте ги граѓаните како зборуваат, секако не може сите да се задоволни не сме ниту ние безгрешни, но со сите свои грешки успехот е голем.
Што би промениле доколку ја вратите владата на почеток, би направиле некоја клучна промена?
Доколку можам да го вратам времето, би го вратил 13 ипол години наназад, затоа што за 2 ипол години тоа што се направи и на меѓународен план и паралелно економските политики да покажат раст во прво полугодије за 3,6%, да покажат 54 000 нови конкретни работни места отворени, 16% зголемување на извозот, 9,8% раст на индустирјата, и тоа како паралелно се работело, вака еднакво правосудтсво за власт и за опозиција, и за приврзаници или не, никогаш не постоело, и тоа само по себе покажува дека сме на вистинскиот пат.
Не е доволно, треба уште повеќе да работиме, но вака кога се отворени патиштата, кога имаме само пријатели околу нас, кога целиот свет зборува со полна уста убави зборови за нас, верувам дека треба да бидеме уште поуспешни. Реков, ќе не биде, ако не бива дома, ако сработиме и продуктивноста ја зголемиме, ако и односот го промениме без разлика дали сме судии, политичари, градоначалници, советници, но и граѓани, земјоделци сите заедно мораме да се потрудиме за да бидеме европска земја каква што посакуваме.