Заев: Целиот процес РЕКЕТ е масло на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

“Целиот процес е масло на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам судот да докаже дека Николовски неосновано клеветел”, изјави премиерот Заев.

“Јас тврдам дека овој процес за моја наводна поврзаност со рекетирање е масло на ВМРО-ДПМНЕ и затоа барам кривична одговорност со тоа што очекувам судот да потврди дека се работи за клевета, навреда и за нарушување на мојот чест и углед,” истакна претседателот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања.

Претседателот Заев, посочи дека тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски не се поткрепени со никакви докази и аргументи, и дека очекува процесот пред судот тоа и да го покаже и Николовски да биде казнет за јавно изречените клевети.