Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува на дводневна работна посета во Брисел, на која ќе оствари средба со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, со претседателот на Европскиот парламент Тајани, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
Во рамките на оваа дводневна посетата на Брисел, премиерот Заев ќе учествува на дебатата на тема „Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“ во организација на Центарот за европски политички студии (CEPS), како и на трибината „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.