Наградата за најдобра споредна машка улога на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, жири комисијата во состав Зијах А. Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ, му ја доделува на Васил Зафирчев за улогата на Пирс Гејвстон во претставата “Едвард втори” според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукција на Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles и Драматичен театър-Пловдив
“Васил Зафирчев го креира ликот на Гејвстон со особена сценска лирика, но и со прецизни актерски средства кои се потпираат на кореографија и сценско движење” – стои во образложението на жирито.
Благодарност до стручното жири за доделената награда, до публиката за одличниот прием на претставата, како и до организаторот за убавата и успешна реализација на фестивалот, напиша актерот Васил Зафирчев на својот ФБ профил.
фото ФБ, Васил Зафирчев