Софија Захарак, пратеничка на Нова Демократија, утрово на Евроњуз објасни зошто таа утре ќе гласа против Преспанскиот договор, јави дописничката на МИА во Брисел.
Захарак смета дека договорот ги „пречекорува сите црвени линии на Грција“ и „им ги остави на соседите националноста и јазикот“.
-Ние не сме против некого, но сакаме да ги сочуваме историските димензии, рече Захарак.
На прашањето на водителката дали Договорот значи дека “иако новото име на државата е Северна Македонија, потенцијално тие ќе можат да го користат македонски, а не северномакедонски како придавка?“, Захарак одговори: “не, потенцијално, туку дефинитивно“.
-Одредбите од Преспанскиот Договор на народот му дозволува да се нарекуваат само Македонци, иако името на земјата е Северна Македонија, рече Захарак.