Заклетва дадоа новите членови на Судски совет

Сподели

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Исамедин Лимани и Александар Камбовски, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка, Цветанка Иванова. Тие рекоа дека „никој не треба да се меша во судската власт“.

Согласно Законот за Судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат.