Закон за спречување на корупцијата по итна постапка на собраниска седница

Сподели

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 80. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка и со европско знаменце.

Владата на Република Македонија на вчерашната 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а инкорпорирани се и препораките на ГРЕКО, на експертските извешати и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година.

За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да го поддржат законот во ваква форма изразувајќи сомневања дека се подготвува „нов чадор што подоцна би служел за притисок врз политичките неистомисленици“.

ДКСК е нефункционална откако оставки поднесоа пет членови на Комисијата поради наводите за ненаменско трошење на буџетски средства од нивна страна. На 19-ти март 2018 година Собранието на Република Македонија донесе одлука со која од функцијата се разрешени пет членови на ДКС, а порано, на 1-ви март 2018 година, по објавувањето на наводите за ненаменско трошење на буџетски средства во ДКСК, забелешки и препораки од внатрешен ревизиорски извештај, Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека скопското Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК