Уставниот суд утре ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција.
Подносител на иницијативата е Политичка партија „Левица”, а оспорени одредби се член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста”, сите од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).
Од наводите во иницијативата се вели, дека според подносителот, чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство.