Запленети околу 1500 парчиња пиротехника

Сподели

На 11.12.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово.

При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.