Со голема радост најавуваме дека Сојуз на спортови на Скопје, заедно со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, по една година пауза, на 13 јуни 2021 година, во 08:00 часот, ќе ја одржат традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ.
Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.
Пријавувањето започна и истото ќе трае до 4 јуни 2021 година, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, и според кое ќе биде распореден во стартната зона.
На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Во секој стартен бокс помеѓу тркачите ќе има растојание од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително
цело време, освен за време на трката.
Учесниците ќе стартуваат на секои 10 секунди по 5 учесници Организатороот на трката, Сојуз на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и насловениот спонзор HalkBank ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето, да се пријават и да земат учество на овој спортски настан.
За подетални информации поврзани со трката и пријавувањето, посетете ја веб страницата на
HalkEco Скопје Трча https://www.skopje.run/.