На денешната втора владина седница, министрите ја започнаа постапката за разрешување на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, дознава Макфакс неофицијално од извори во Владата.
Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, кусо одговори на пораката на Макфакс, дека не сака да ја коментира постапката за негово разрешување.
Законот предвидува дека Владата по претходно мислење од Советот на јавни обвинители до Собранието поднесува предлог за разрешување на јавниот обвинител. Зврелвски може да биде разрешен од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување кривична постапка во случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата. Советот е должен во рок од 15 дена да и одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.