Двајца затвореници од американскиот воен затвор Гвантанамо Беј во Куба се префрлуваат во Србија, со што во оваа установа остануваат уште 76 затвореници. Претставници на Стејт департментот и на Пентагон денеска го потврдија префрлувањето. Едниот од затворениците е од Таџикистан, а другиот е од Јемен. Ова е прв пат затвореници од Гвантанамо Беј да се префрлуваат во Србија.
slobodnaevropa.mk