Заврши дводневниот Самит на НАТО во Варшава

Сподели

thumbs_b_c_1e538c5b454234cd630f2934a69d4475

ВАРШАВА (АА) – Членките на НАТО во текот на дводневниот Самит на шефови на влади и земјите на НАТО, што се одржа во Варшава се донесе одлука специјалните безбедносни мерки дадени на Турција во целост да се примениуваат, да се флексибилни во согласност со развојот на ситуацијата и по потреба да може да се коригираат, јавува Anadolu Agency (AA).

Самитот, кои претходните два дена се одржуваше во Полска, денес заврши. Теми на Самитот пред сè беше зголеменото воено присуство на Русија, борбата против тероризмот, сајбер-нападите, поддршката на НАТО на Авганистан како и ситуацијата во Украина.

На крајот на Самитот објавена е декларација во која се нагласува дека НАТО и од исток и од југ се соочува со закани и безбедносни потешкотии.

Наведено е дека извор на регионалната нестабилност, вклучувајќи ги и руските провокативни воени актвности на територијата на НАТО, желбата насочена кон остварување на политички цели по пат на сила и заканите, како и напаѓачкиот став.

За безбедноста на земјите од НАТО длабоко влијаеше и безбедносната состојба на Блискиот Исток и во Северна Африка. Тероризмот, особено активностите на терористичката организација ДАЕШ достигна досега невидени размери и дојде до територијата на сојузниците. Теророт создаде директна закана за земјите-членки на НАТО и меѓународната заедница.

Ефикасниот успех против ДАЕШ во Сирија ќе биде можен само со легитимна Влада. Во Сирија има потреба од итна и вистинска политичка транзиција.

Осудени се „варварските напади” на терористичката организација ДАЕШ насочени кон цивилното население, а особено кон етничките и религиозни малцинства.

„Доколку биде загрозена безбедноста на само еден наш сојузник, нема да ги задржуваме сите потребни чекори со цел да се задоволи одбраната”, се порачува во декларациијата.

Наесен во борбата против терористичката организација ДАЕШ, авионите AWACS ќе летаат во меѓународниот воздушен простор со цел поддршка во размената на информации.

Осудени се и сите видови на насилство од страна на сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад и неговите приврзаници врз цивили и цивилни структури.

„Ние ги осудуваме и нападите од страна на ДАЕШ, Ал-Нусра и другите групи кои ОН ги прогласи за терористички организации”, се вели во декларацијата.

Покрај тоа, сирискиот режим е повикан да се придржува до одлуките донесени од страна на ОН, како и да се преземат чекори за политичка транзиција во земјата.

Осудени се „агресивните активности” на Русија и Украина, со кои се кршат меѓународните закони.

Продолжена е и воената мисија на НАТО во Авганистан, на која до крајот на 2020 година ќе ѝ биде пружана финансиска поддршка.

Покрај тоа, забележано е исто така дека сајбер-нападите се закана за безбедноста на Сојузот и дека подеднакво се штетни за модерната заедница, исто како и „традиционалните” напади и дека е неопходно да се преземат одредени мерки со цел спречување на истите.