Завршна фаза на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“

Сподели

 

Со завршното асфалтирање на последната траса проектот за реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ влегува во завршна фаза.

 

 

Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ „Антико“ до мостот „Обединети нации“ (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат финалните градежни зафати, и да се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Асфалтирањето се врши во рамки на проектот за реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“, на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри.

 

 

Со овој проект целосно се замени асфалтот на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Градот Скопје издвои околу 69 милиони денари.