Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер повторно ја стресе областа Петриња

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер денеска повторно ја стресе областа Петриња.

Земјотресот бил на длабочина од само 2 километри, и токму поради тоа се почувствувал прилично силно и многумина во страв излегле на улиците, пренесуваат хрватските медиуми.

 

 

Земјотресот е регистриран утринава по девет часот, на три километри југозападно од Сисак со длабочина од два километри.