Земјотрес од 4,3 степени утрово повторно ја стресе Турција

Сподели

 

Земјотрес денес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 10 километри, утрово ја погоди централна Турција.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 56 километри од Кахараманмараш, еден од најтешко погодените градови во јужна Турција.
 
Овој град беше еден од најтешко погодените на 6 февруари, кога Турција беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала.