Најзначајното признание, „Гран при“ на Ниш, му припадна на Лаушевиќ за улогата на бездомникот Момо, во филмот „Смрдлива бајка“, а ја доби и наградата на публиката за најдобар актер.
Емотивнивната средба со публиката, повеќеминутниот аплауз и признанието од синоќа ги прокометира на следниов начин: „Вие ми помогнавте тогаш за да успеам во нешто и да пронајдам надеж, а сега направивте да почнам повторно за да верувам дека сум жив“, изјави Лаушевиќ.
Наградата за најдобра машка улога „Цар Констатнтин“ му припаднала на актерот Лазар Ристовски за улога во филмот „Од онаа страна на виножитото“. Наградата „Царица Теодора“ за најдобра женска улога и припаднала на Јелена Џокиќ, за филмот „Смрдлива бајка“.
Жарко Лаушевиќ, како млад талентиран актер, прв пат ја доби спомнатата награда уште во 1993 година. Тогаш веќе беше на издржување на затворската казна поради убиство од небрежност.