Амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар испрати честитки за изборот до премиерот Зоран Заев и членовите на новата влада.
“Честитки до Зоран Заев и членовите на владата. Им посакувам успех во испораката на амбициозната програма за реформи, во интерес на граѓаните и во корист на патот на МК во Европската Унија. Потребно е единство на сите засегнати страни во општеството за брзо напредување на агендата на ЕУ” – напиша амбасадорото Жбогар на Твитер.