“Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија, преведен како никогаш порано. Да бидеме сведоци на посилен интерес на вашата култура, јазик и идентитет, што ќе резултира со зајакната самодоверба како нација.
– Затоа во нашата кампања нема да зборуваме за договорот, тоа е нешто што мора да го одлучат самите граѓани, но во исто време сакаме да им претставиме на граѓаните што е ЕУ, како нашиот однос ќе се развива во иднина, колку сакаме да го видиме почетокот на преговорите и нашето партнерство да се развива напред и сето тоа да го презентираме на граѓаните.”
Изјави, Самуел Жбогар, „Замисли иднина заедно!“