Најмалку 50 лица се повредени во судир на два воза во близина на германскиот град Диселдорф, соопшти полицијата.
Несреќата се случила откако патнички воз се судрил до товарен. Засега не се знае причината за несреќата.
Патничкиот воз ѝ припаѓа на компанијата „Национал експрес“, основана откако „Дојче бан“ во последните години продаде неколку регионални линии.
Седум лица беа повредени во мај откако воз излета од шините во источниот дел на Германија.